Се започна во септември 1997 година,
Ивана, Марија, Бојана, Елена и Цеце се запишаа во прва година средно, во ПЕКСНАС. Започнаа да се запознаваат на часовите, сите 5 како големи индивидуалци, дури и си префрлаа една на друга. Постепено сфатија дека всушност им е забавно кога се заедно и тука започна дружбата. Ивана се оперираше од слепо црево и сите решија да ја посетат и да и направат постер од девојче на кое му е извадено слепото црево. Слепото црево беше прикажано како што всушност и треба да изгледа едно вистинско слепо црево, со темни наочари и бастун. Постерот беше некоја мешана техника, фломастери, боички, сончоглед, семки и слично. Тогаш ИМБЕЦ сфатија колку им е забавно да прават цртежчиња и постери, каде ничија идеја нема да се наметнува и сите ќе имаат право да кажат што мислат. Тогаш се роди и името ИМБЕЦ – или, првиот дел на зборот, составен од иницијалите на нашите имиња, а другиот дел “или” го додадовме за да формираме збор, кој во тој момент ни изгледаше интересно
Во декември 1997 бидна и првиот графит. BUG! беше првенчето, првата трема, првата возбуда, првите пари дадени за спрејови. Тие пари беа доста тешко собрани ... со многу гладувани големи одмори. Од тогаш спрејот беше главна мерка за се. На почетокот, до информации за тоа, што се графити, типови, стилови, начини на работа и слично, доаѓавме многу тешко. Патувањето на место со супер графити беше скапо, а интернетот беше спор. Имавме Dial-up модеми, сурфавме со крадени шифри, сајтовите се отвараа мнооогу споро, пари за спрејови тешко се собираа, спрејови во сите бои и не се наоѓаа. Единствен извор беа продавниците за бои и лакови, каде нормално, изборот на бои беше многу слаб. Понатака, почнавме да мешаме спрејови и бои, за да можеме да си ја задоволиме потребната палета на бои. Ништо од ова не не спречи да твориме.
Roxanne Shanté - Have a nice day
"Cause I'm a super female that's called Shanté
And like Hurricane Annie I'll blow you away
Whenever I'm in a battle, yo, I don't play
So you best go about your way and have a nice day"
Beastie Boys - Sure Shots
"Because you can't, you won't and you don't stop"
"I'm that kid in the corner, all fucked up and I wanna so I'm gonna... take the peace of the pie. Why not? I'm not quitting!"